567
Кривичниот суд во Скопје денеска му определи нови 30 дена притвор на Орце Камчев. Тој е осомничен во случајот „Империја” на Специјалното јавно обвинителство.
Тој, заедно со Ненад Јосифовиќ и Зорица Арсовска, Цветан Панделески и Тодор Мирчевски остануваат уште еден месец во притвор.
Во истрагата за „Империја”, осомничени се уште 8 лица: ексшефот на УБК, Сашо Мијалков, мајката и сестрата на Орце Камчев, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Владислав Стајковиќ, ексдиректорот на компанијата „Финзи” преку која одеше набавката на израелската опрема за прислушување, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев, Јованче Тасковски и Лилјана Гајдовска.