Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.113 тестови, а регистрирани се нови 297 случаи на КОВИД-19.
Од вкупниот број на позитивни (297), регистрирани се 69 реинфекции. Регистрирани сe 180 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирани се две починати лица од Скопје (80г и 71г), едното лице е починато во болнички услови ,а другото лице во домашни услови.Лицата се починати на ден 29.06.2022 и 30.06.2022.
Досега во земјата се направени вкупно 2.088.834 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 315.699, бројот на оздравени пациенти е 304.777, на починати е 9.331, а бројот на активни случаи изнесува 1.591