Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 3.480 тестирањa, а регистрирани се 296 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 143, Гостивар – 60, Кичево – 23, Струмица – 11, Штип – 10, Тетово – 9, Куманово – 8, Струга – 6, Охрид – 5, Прилеп, Радовиш и Дебар – по 3, Битола, Кочани, Неготино и Пробиштип – по 2, Велес, Кавадарци, Виница и Кратово – по 1.
Регистрирани сe 109 оздравени пациенти од: Тетово – 42, Скопје – 33, Гостивар – 12, Куманово – 6, Кавадарци – 4, Струмица – 3, Кичево, Радовиш, Битола и Пехчево – по 2, Велес – 1.
Пријавени се 8 починати лица: 3 починати лица од Гостивар (54г,69 и 78г), по 2 лица од Струга (69г и 74г) и Тетово (44г и 51г) и едно лице од Кочани (74г). Сите починати лица се починати во болнички услови.