Нови 280 случаи на Ковид-19 и 10 починати

by Fokus

Од направени 3.929 тестирања, регистрирани се 280 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2, пријавени се 10 починати лица, а оздравени се 156 пациенти, информира Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје за последните 24 часа.

Од регистрираните нови случаи, најмногу има во Скопје – 137, Прилеп – 24, Охрид – 18, Битола и Штип – по 15, Кавадарци – 13, Гевгелија – 10. Следат Ресен – 9, Куманово и Струмица – по 8, Велес – 4, Валандово и Богданци – по 3, Кичево и Демир Хисар – по 2, Тетово, Гостивар, Кочани, Струга, Неготино, Радовиш, Виница, Македонски Брод и Дојран – по 1.

Меѓу оздравени пациенти од: Скопје се 70, Кавадарци – 23, Битола – 17, Прилеп – 13, Штип и Гевгелија – по 6, Кочани, Крива Паланка и Крушево – по 3, Неготино и Свети Николе – по 2, Ресен, Богданци, Кичево, Гостивар, Радовиш, Виница, Пробиштип и Кратово – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се пет починати лица: по едно починато лице од Скопје (61г), Струмица (75г), Куманово (79г), Охрид (71г) и Крушево (45г), сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително пет лица, починати во период од 17.11-22.12.2021 година. Починатите лица се од Гостивар (2), Тетово (2) и Кавадарци (1). Починатите лица се на возраст од 62г до 69г. Од пријавените, две лица се починати во болнички услови, а три лица починале во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.574.100 тестирањана Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 223.211, бројот на оздравени пациенти е 210.475, на починати е 7.904, а бројот на активни случаи изнесува 4.832.

Поврзани новости