690
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 2.619 тестирања, а регистрирани се 28 нови случаи на КОВИД-19 од:
Скопје – 16, Куманово – 9, Тетово – 2, Прилеп – 1.
Регистрирани се 23 оздравени пациенти од: Скопје – 15, Охрид и Струга – по 3, Куманово и Кочани – по 1.
Пријавени се вкупно 5 починати лица: 3 лица од Скопје (61г,75г и 79г) и по едно лице од Куманово (45г) и Струга (72). Од пријавените, сите лица се починати во болнички услови.