Нови 269 заразени со Ковид-19 и 15 починати

by Fokus

Во последните 24 часа, се регистрирани нови 269 случаи на Ковид-19 од направени 3.449 тестирања. Пријавени се вкупно 15 починати, седум во изминатотот деноноќие и осум преку системот „Мој термин“. Евидентирани се и 353 оздравени пациенти, информира Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Од новозаразените 269, од Скопје се 142, Битола од 17, Охрид 16, Кавадарци и Струмица по 14, Прилеп 13, Велес 9, Штип и Ресен по 7, Валандово 5, Тетово и Крива Паланка по 4, Гевгелија и Неготино по 3, Куманово, Радовиш, Богданци и Демир Хисар по 2 и Свети Николе, Берово и Крушево по 1.

Од регистрираните 353 оздравени пациенти, од Скопје се 165, Прилеп 30, Битола 29, Кавадарци 24, Куманово 12, Охрид 11, Радовиш 10, Велес 9, Струмица и Валандово по 7, Штип, Гевгелија, Неготино и Демир Хисар по 6, Кочани 5, Крива Паланка, Богданци и Кичево по 3 и Ресен, Тетово, Берово, Струга, Делчево, Пробиштип, Кратово, Македонски Брод, Македонска Каменица, Демир Капија и Дојран по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: 2 од Скопје (73г и 84г) и по едно од Велес (71г), Свети Николе (71г), Кавадарци (69г), Берово (68г) и Радовиш (73г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 8 лица, починати во период од 29.11-19.12.2021 година. Починатите лица се од Скопје (2), Прилеп (1), Куманово (1), Битола (1), Кочани (1), Делчево (1) и Тетово (1). Починатите лица се на возраст од 57г до 93г. Од пријавените, 2 лица се починати во болнички услови, а 6 лица се починати во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.562.088 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 222.333, бројот на оздравени пациенти е 209.291, на починати е 7.868, а бројот на активни случаи изнесува 5.174.

Поврзани новости