Во последните 24 часа направени се 2.225 тестови, а регистрирани се 262 нови случаи со КОВИД-19, еден починат и 326 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.
Од новозаболените 262 случаи од Скопје се 138, Битола – 25, Кавадарци – 17, Охрид – 15, , Прилеп – 11, Куманово – 8, Делчево – 6, Тетово и Кичево – по 5, Велес, Струмица, Штип и Гевгелија – по 4,Кочани – 3, Гостивар, Ресен, Валандово и Крушево – по 2,Сруга, Неготино, Свети Николе Радовиш и Виница – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (262), регистрирани се 39 реинфекции, а 326 пациенти се оздравени.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице од Скопје (87г), во болнички услови. Кај починатото лице (1) е регистриран коморбидитет.
Досега во земјата се направени вкупно 1.962.489 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 305.979, бројот на оздравени пациенти е 294.988, на починати е 9.221, а на активни случаи изнесува 1.770.