Во изминатите 24 часа потврдени се 26 нови случаи на ковид-19. По градови: Скопје -11, Куманово -2, Тетово -3, Струга – 6, Битола -1, Гостивар -1, Виница- 1 и Неготино -1. Заболеното лице од подрачна единица Неготино е жител на Демир Капија. Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1326.
По завршување на епидемилошките анкети, од вчерашната евиденција едно лице од Гостивар е жител на Тетово, а едно лице од Кичево е жител на Скопје. Согласно ова последната дистрибуција по градови е:
Во изминатото деноноќие направени се 408 теста. Преку ИЈЗ –233, преку Ветеринарен ф-тет -12, Авицена –15, Биотек –52, Филип Втори (Жан Митрев) –76, Систина со PCR метода -16 и МАНУ – 4. Досега во земјата се направени вкупно 14057 тестирања на ковид -19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се примени 3 пациенти, а хоспитализирани вкупно 61. Критични пациенти на механичка вентилација се 6, а потешко болни се уште 19 пациенти кои се на кислородна поддршка.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 11, а хоспитализирани вкупно 38 пациенти. Со потешка клиничка слика се 6 пациенти, а 7 се на респираторна машина.Во болницата во Битола се хоспитализирани 6 пациенти, а на домашно лекување се следат 11 пациенти, додека во Штип болнички се лекуваат 3, а на домашно лекување уште 15 пациенти.