Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 867 тестови, а регистрирани се 252 нови случаи на КОВИД-19.
Од вкупниот број на позитивни (252), регистрирани се 59 реинфекции. Регистрирани сe 426 оздравени пациенти
Во текот на изминатите 24 часа нема пријавени починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирани се 5 починати лица, од Скопје (2), Прилеп (2) и Охрид (1). Починатите лица се на возраст од 59 до 90 години. Сите лица се починати во болнички услови. Починати се во период од 18.08. до 24.08.2022 година.
Досега во земјата се направени вкупно 2.147.514 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 339.492, бројот на оздравени пациенти е 327.780, на починати е 9.473, а бројот на активни случаи изнесува 2.239.