Во периодот од 30.8 до 5.9.2024 година пријавени се 25 нови случаи на голема кашлица, за 47,1 % повеќе во споредба со претходниот седумдневен период (n=17).
Во однос на географската дистрибуција, повеќето од случаите се пријавени во Скопје (n=14; 56,0 %), а има и 5 случаи од Тетово, 3 од Кратово, 2 од Куманово и еден од Крива Паланка.
Возраста на заболените се движи од 1 месец до 60 години, а најголем број случаи се од возрасната група под 1 година (n=8; 32,0 %).
Во однос на вакциналниот статус на заболените, 18 лица се некомплетно вакцинирани, невакцинирани или имаат непознат вакцинален статус, 6 се комплетно вакцинирани и еден е вакциниран во согласност со возраста.
Од новите случаи (n=25), 5 (20,0 %) беа хоспитализирани.
Заклучно со 5.9.2024 во РСМ се регистрирани вкупно 1.074 случаи на голема кашлица, со инциденца од 58,5/100 000 жители. Тоа претставува неколкукратно зголемување на бројот на заболени во однос на изминатиот петгодишен период (2019 – 2023 година) кога се регистрирани вкупно 10 случаи.
Дистрибуцијата на случаите во однос на место на живеење покажува дека најголем број лица живеат во Скопје – 774 (72,1 %) со зафаќање на 17 општини.
Во рамките на епидемијата во Куманово се пријавени 84 заболени лица (7,8 %), а во рамките на епидемијата во Тетово пријавени се 64 заболени лица (6,0 %). Случаи се пријавени и во други 20 града во државата.