Нови 25 случаи на Ковид 19, осум пациенти оздравеа, а тројца починаа

by Фокус

Во изминатите 24 часа направени се 286 тестирања, а регистрирани се 25 нови случаи со Ковид-19, при што 16 во Скопје, 4 во Тетово, по два во Велес и Охрид и еден во Струга.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира осум оздравени пациенти, додека тројца пациенти починаа на 60, 59 и 51 годишна возраст.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 1.817, при што бројката на оздравени пациенти е 1.301, на починати е 104, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 412.

• Скопје – 628, активни 152
• Куманово – 416, активни 31
• Дебар – 51,
• Штип-36, активни 2
• Прилеп –200, активни 63
• Тетово – 147, активни 79
• Струга – 70, активни 4
• Велес – 121, активни 50
• Битола –27, активни 8
• Охрид –21, активни 6
• Кавадарци – 5,
• Гостивар –19, активни 2
• Гевгелија – 4,
• Струмица – 2,
• Крива Паланка- 6, активни 2
• Радовиш – 4,
• Крушево – 3,
• Кочани – 31, активни 4
• Пробиштип – 2,
• Кичево – 2,
• Неготино -9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
• Демир Хисар – 1,
• Македонски Брод – 2,
• Пехчево- 3, активни 1
• Делчево-1,
• Валандово -1, активни 1
• Виница – 2,
• Кратово-2, активни 1
• Берово-1, активни 1

Поврзани новости