Нови 222 случаи на Ковид-19

by Fokus

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 954 тестови, а регистрирани се 222 нови случаи на КОВИД-19.

Од вкупниот број на позитивни (222), регистрирана е 41 реинфекција. Регистрирани сe 268 оздравени пациенти

Во текот на изминатите 24 часа се пријавени  две починати лица, од Скопје (79г) и Кичево (83г). Двете лица се починати во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин  регистрирани се 6 починати лица, две лица од Битола и по едно лице од Кочани, Крива Паланка, Скопје и Радовиш. Починатите се на возраст од 66 – 83 години. Од починатите лица три се починати во болнички услови  и три во  домашни услови. Лицата се починати во период од 11.08. до 28.08.2022 година.

Досега во земјата се направени вкупно 2.151.148 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 340.341, бројот на оздравени пациенти е 329.192, на починати е 9.489, а бројот на активни случаи изнесува 1.660

Поврзани новости