Нови 21 случаи на корона вирус во Тиквешијата

by fokus

Во Кавадарци денес се регистрирани 14 случаи на Ковид-19, а лицата се на возраст од 25 до 59 години. Помеѓу нив има позитивна вработена во Центар за лица со посебни потреби, по што осум штитеници и пет од вработените одат во изолација.

Исто така, позитивна е и една негувателка во градинка, по што 14 деца и двајца од вработените исто така одат во изолација.
Регистриран е и еден позитивен здравствен работник.

Почината е жена на возраст од 70 години од Ваташа, која била хоспитализирана на клиниката во Скопје.

Во Неготино пак, позитивни се пет лица, на возраст од 23 до 73 години. Еден пациент на возраст од 73 години, поради влошена состојба е хоспитализиран, потврдија од ЦЈЗ Кавадарци.

Во Росоман има два нови случаи, на возраст од 24 и 67 години.

Во Тиквешко има 364 активни случаи на
вирусот, а во ковид одделот во болницата во Кавадарци се хоспитализирани 39 лица. Капацитетот е проширен од денес на 50 легла.

Вики Клинчарова

Поврзани новости