Нови 195 случаи на корона вирус

by fokus

Министерството за здравство информира,согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.249 тестови, а регистрирани се 195 нови случаи на КОВИД-19.

Од вкупниот број на позитивни (195), регистрирани се 29 реинфекции. Регистрирани сe 207 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа, се регистрирани две починати лица од Скопје (71г и 85г), двете лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од Охрид (83г), починато во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица (3) , кај сите починати лица се регистрирани коморбидитети.

Досега во земјата се направени вкупно 1.974.520 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 307.142, бројот на оздравени пациенти е 296.373, на починати е 9.234, а бројот на активни случаи изнесува 1.535.

Поврзани новости