Нови 189 жртви на корона вирусот во Италија

by fokus

Во Италија за последните 24 часа бројот на починати од новиот коронавирус се зголеми за 189, со што билансот на жртвите достигна 1.016 лица, соопшти италијанската Агенција за цивилна заштита.

Во регионот Ломбардија, во североисточниот дел на Италија, од коронавирусот досега починале 744 луѓе. Само во таа област во рок од 24 часа животот го загубиле 127 лица.

Пријавени се 2.162 лица поради непочитување на ригорозните мерки, со кои се прават обиди за спречување на ширењето на новиот коронавирус.

Италија е најтешко погодена земја од Ковид-19 во Европа.

Бројот на заразени се зголеми од 12.462 на 15.113 лица, што претставува скок за речиси 22 отсто.

Агенцијата за цивилна заштита соопшти дека во меѓувреме 1.258 луѓе оздравеле.

Во Италија е забележан најголем дневен пораст на заразени во апсолутни бројки од избивањето на епидемијата на 21 февруари.

Поврзани новости