Нови 185 случаи на Ковид-19 од 892 тестови

by Fokus

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 892 тестови, а регистрирани се 185 нови случаи на КОВИД-19.

Од вкупниот број на позитивни (185), регистрирани се 55 реинфекции. Регистрирани сe 307 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа пријавено е едно починато лице, од Скопје (74г). Лицето е починато во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин  регистрирани се 4 лица, по едно лице од Битола, Ресен, Радовиш и Охрид, починати во период од 03.08.2022 до 25.08.2022 година. Починаите се на возраст од 73 – 82 години. Две лица се починати во болнички услови и две во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 2.152.786 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 340.695, бројот на оздравени пациенти е 329.741, на починати е 9.495, а бројот на активни случаи изнесува 1.459.

Поврзани новости