Нови 183 случаи и починати девет лица од корона вирус

by fokus

Министерството за здравство информира согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа од 1.362 направени тестови, регистрирани се 183 нови случаи на КОВИД-19, оздравени се 845 и починале девет лица.

Од вкупниот број на позитивни (183), регистрирани се 24 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 6 починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 3 починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 1.890.628 тестирања на КОВИД-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 297.262, бројот на оздравени пациенти е 284.756, на починати е 9.010 а бројот на активни случаи изнесува 3.496.

Поврзани новости