Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 7.123 тестови, а регистрирани се 1.822 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 918, Битола – 198, Прилеп – 98, Куманово – 65, Кавадарци – 55, Охрид – 49, Штип – 42, Гевгелија и Радовиш – по 33, Струмица – 30, Велес – 28, Тетово, Кичево и Крушево – по 26, Неготино и Валандово – по 21, Гостивар и Кочани – по 18, Свети Николе – 15, Ресен – 14, Струга – 12, Делчево и Берово – по 10, Пробиштип – 9, Крива Паланка – 8, Македонска Каменица – 7, Богданци, Македонски Брод и Демир Капија – по 5, Виница и Кратово – по 4, Демир Хисар и Пехчево – по 3, Дојран – 2, Дебар – 1.
Од вкупниот број на позитивни (1.822), регистрирани се 173 реинфекции.
Регистрирани сe 668 оздравени пациенти од: Скопје – 406, Охрид – 43, Битола – 37, Прилеп – 31, Кавадарци – 30, Струмица – 25, Куманово и Велес – по 14, Гевгелија – 11, Штип – 7, Радовиш, Неготино и Ресен – по 6, Кичево и Струга – по 5, Делчево – 4, Кочани и Берово – по 3, Гостивар, Крива Паланка, Богданци и Демир Капија – по 2, Свети Николе, Македонски Брод , Демир Хисар и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 3 починати лица: 2 починати лица од Делчево (70г и 77г) и едно починато лице од Скопје (89г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 4 лица, по едно починато лице од Скопје, Радовиш, Гостивар и Кичево, починати во период од 28.12.2021-06.01.2022г. Починатите се на возраст од 61 години до 85 години. Сите пријавени лица се починати во домашни услови.