855
Во последните 24 часа се направени 1368 тестирања, а регистрирани се 178 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-42, Куманово-19, Дебар-1, Штип-1, Прилеп-16, Тетово-14, Струга-5, Велес-5, Битола-4, Охрид-3, Кавадарци-1, Гостивар-11, Гевгелија-4, Струмица-13, Крива Паланка-2, Радовиш-2, Кочани-17, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Валандово-3, Виница-1, Делчево-2, Свети Николе-1, Кичево-8, соопштува Министерството за здравство.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 71 оздравен пациент од: Скопје-25, Куманово-11, Штип-10, Прилеп-7, Струга-5, Охрид-3, Кавадарци-1, Гостивар-1, Крива Паланка-3, Кочани-3, Пробиштип-1, Берово-1.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16.735, бројката на оздравени пациенти е 13.863, на починати е 693, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2179.
Направените 1368 теста се преку: ИЈЗ-456, ЦЈЗ Скопје-51, Авицена-420, Биотек-67, МАНУ -51, Жан Митрев (Филип Втори)-61, Систина со PCR метода -110, лабораторија Лаор –67, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-76, Инфективна клиника-2, ГАК-7, Синлаб-0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 175.465 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.