Во последните 24 часа се направени 2.357 тестирања, а регистриран е 171 нов случај на КОВИД-19 во: Скопје – 58, Куманово – 16, Битола и Радовиш – по 9, Виница – 8, Кочани и Кичево – по 7, Прилеп, Охрид и Штип – по 6, Велес и Струмица – по 5, Тетово, Гостивар и Ресен – по 4, Кавадарци – 3, Струга, Неготино, Свети Николе, Кратово и Македонска Каменица – по 2, Делчево, Пробиштип,Крушево и Демир Хисар – по 1.
Регистрирани се 409 оздравени пациенти од: Скопје – 171, Прилеп – 39, Куманово – 37, Битола – 36, Тетово – 15, Велес – 13, Гостивар – 12, Кичево – 11, Штип – 10, Струмица – 9, Кавадарци и Радовиш – по 8, Крива Паланка – 6, Охрид и Кочани – по 5, Виница и Демир Хисар – по 4, Дебар и Пробиштип – по 3, Неготино, Ресен и Богданци – по 2, Гевгелија, Свети Николе, Берово и Делчево – по 1.
Пријавени се вкупно 26 починати лица: 8 од Скопје (36г,56г,63г,64г,71г,76г,78г, 84г,), 3 лица од Битола (41г,65г и 82г), по 2 починати лица од Тетово (63г и 73г), Струмица (62г и 68г) и Кочани (61г и 80г) и по 1 починато лице од Куманово (63г), Велес (65г), Гостивар (73г) ,Охрид (71г), Штип (56г), Кичево (40 г), Гевгелија (68г), Дебар (64г) и Виница(60г). Од пријавените, 25 лица се починати во болнички, а еден пациент е починат во домашни услови.
Направени се 2.357 тестови преку: ИЈЗ-397, ЦЈЗ Скопје-63, ЦЈЗ Битола-47, ЦЈЗ Прилеп-36, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-4, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–3, ГОБ 8-ми Септември-11, Институт за микробиологија–0, МАНУ-71, Жан Митрев (Филип Втори)-369, Авицена-160, Биотек-199, Систина-173, лабораторија Лаор-169, Синлаб-41, Ремедика-39, Плодност–49, Генеа–2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 524.
Досега во земјата се направени вкупно 743.378 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.222, бројката на оздравени пациенти е 138.779, на починати е 5.135, а бројот на активни случаи изнесува 10.308.