Во изминатите 24 часа регистрирани се 17 нови случаи на заразени од корона вирусот, а биле направени 460 тестирања, информираат од Министерството за здравство.
Новите заразени се од: Скопје-3, Куманово-2, Прилеп-3, Тетово-6, Велес-2, Битола -1.
Министерството за здравство информира и дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти во: Скопје-7, Куманово-6, Прилеп-2, Велес-1.
-Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.740, бројката на оздравени пациенти е 1.251, на починати е 97, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 392, велат од министерството.
Последната дистрибуција по градови е:
Направените 460 теста се преку: ИЈЗ –257, Ветеринарен ф-тет -14, Авицена –8, Биотек -20, Филип Втори (Жан Митрев) –33, Систина со PCR метода -19 и МАНУ -109. Досега во земјата се направени вкупно 20548 тестирања на ковид -19.
Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие 225 теста се направени во рамките на скринингот од градинките. Преку ИЈЗ тестирани се 135 лица од Битола, каде е регистриран 1 позитивен случај, а преку МАНУ тестирани се 90 лица од Скопје и сите се негативни.
Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 3 пациенти, а вкупно хоспитализирани 44. На кислородна поддршка се 23 пациенти, на механичка вентилација е 1 пациент.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 6 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 23. На респираторна машина се 6 пациенти и уште 2 се со потешка клиничка слика.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 4, на домашно лекување се следат уште 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 4, нема пациенти кои се следат на домашно лекување.
На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и Прилеп се хоспитализирани 48 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19.