Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 40 оздравени пациенти од: Скопје-6, Куманово-1, Штип-16, Прилеп-1, Тетово-9, Велес-2, Битола-1, Гостивар-2, Кочани-1, Ресен-1.
Во ГОБ „8 септември“ починаа три лица, пациент од Ресен (42г) хоспитализиран на 13 јуни и двајца пациенти од Скопје (71г) хоспитализиран на 15 јуни и пациентка (83г) хоспитализирана на 23 јуни.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5758, бројката на оздравени пациенти е 2206, на починати е 268, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3284. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
Направените 1074 теста се преку: ИЈЗ –476, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена –104, Биотек –69, МАНУ -116, Жан Митрев (Филип Втори) -148, Судска медицина-11, Систина со PCR метода -114 и ЦЈЗ Битола-36. Досега во земјата се направени вкупно 56.809 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 2 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 94 пациенти. На кислородна поддршка се 46 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 5 деца позитивни и сомнителни на ковид и 15 возрасни позитивни пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 нови, вкупно хоспитализирани се 144 пациенти. На респираторна машина се 7 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 45, а во болницата во Штип се хоспитализирани 28 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 94 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)