559
Министерството за здравство информира,согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.020 тестови, а регистрирани се 163 нови случаи на КОВИД-19. Од вкупниот број на позитивни (163), регистрирани се 24 реинфекции.
Регистрирани сe 259 оздравени пациенти, а согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 4 починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 1.978.825 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 307.507, бројот на оздравени пациенти е 296.833, на починати е 9.240, а бројот на активни случаи изнесува 1.434.