Нови 159 случаи на ковид 19, најмногу во Скопје, Куманово и Гостивар

by Фокус
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.733 тестирања, а регистрирани се 159 нови случаи на ковид 19.
Земено по градови, во Скопје се 32, во Куманово 25, во Гостивар 22, во Штип 8, во Прилеп 7, во Тетово 9, во Струга 15, во Велес 2, во Охрид 4, во Кавадарци 5, во Гевгелија 5, во Кочани 2, во Берово 9, во Виница 2, во Делчево 4 и во Кичево 3.
По еден новозаразен има во Дебар, Битола, Струмица, Радовиш и Пехчево.

Поврзани новости