Нови 155 заразени и 13 починати пациенти од корона вирус

by Fokus

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 1.179 тестирања, а регистрирани се 155 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 113, Кавадарци – 8, Куманово и Битола – по 6, Прилеп и Кочани – по 4, Ресен – 3, Охрид, Гевгелија и Неготино – по 2, Струга, Крива Паланка, Берово, Делчево и Македонски Брод – по 1.

Регистрирани сe 387 оздравени пациенти од: Скопје – 161, Битола – 32, Прилеп – 30, Кавадарци – 29, Кочани – 20, Куманово – 17, Тетово и Велес – по 14, Штип и Крива Паланка – по 12, Кратово – 6, Пробиштип и Демир Хисар – по 5, Охрид, Неготино и Делчево – по 4, Гостивар, Ресен и Македонска Каменица – по 3, Свети Николе и Берово – по 2, Струга, Гевгелија, Богданци, Пехчево и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: 4 починати лица од Велес (84г, 83г, 72г,  и 69г), по 3 починати лица од Скопје (68г, 63г  и 50г), по 2 починати лица од  Куманово (67г и 64г) и по едно починато лице од Прилеп (50г), Битола (68г), Штип (69г) и Крива Паланка (82). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

Поврзани новости