Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.669 тестови, а регистрирани се 149 нови случаи на КОВИД-19.
Од вкупниот број на позитивни (149), регистрирани се 20 реинфекции.
Регистрирани сe 223 оздравени пациенти и едно починато лице од Скопје (88г), починато во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 3 починати лица од: Штип (1), Кичево (1) и Гевгелија (1), на возраст од 73 години до 81 години. Пријавените лица се починати во период од 01.04.2022 до 02.04.2022 гоидна. Од пријавените лица 2 се починати во домашни услови, а едно лице е починато во болнички услови.
Од вкупниот број на починати лица (4), кај сите се регистрирани коморбидитети.
Досега во земјата се направени вкупно 1.981.494 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 307.654, бројот на оздравени пациенти е 297.059, на починати е 9.244, а бројот на активни случаи изнесува 1.351.