Нови 148 случаи на корона вирус

by Fokus

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.261 тестови, а регистрирани се 148 нови случаи на КОВИД-19.

Од вкупниот број на позитивни (148), регистрирани се 40 реинфекции. Регистрирани сe 45 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирано е едно починато лице од Скопје (84г),  починат на ден 27.06.2022 во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 2.080.874 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 313.856, бројот на оздравени пациенти е 303.783, на починати е 9.323, а бројот на активни случаи изнесува 750.

 

Поврзани новости