Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1 296 тестирања, а регистрирани се 147 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-64, Куманово-8, Штип-6, Прилеп-3, Тетово-16, Струга-7, Велес-5, Битола-4, Охрид-5, Гостивар-9, Струмица-1, Крива Паланка-1, Кочани-1, Пробиштип-1, Кратово-1, Свети Николе-7, Кичево-4, Ресен-4.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрирал и 111 оздравени пациенти од: Скопеј-56, Штип-7, Тетово-36, Велес-2, Битола-3, Гостивар-1, Гевгелија-2, Струмица-1, Свети Николе-1, Ресен-2.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6 932, бројката на оздравени пациенти е 2 987, на починати е 334, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3 611. Од вчерашните тестирања два се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 3343, активни 1987
• Куманово 793, активни 240
• Дебар 103, активни 51
• Штип 371, активни 158
• Прилеп 277, активни 51
• Тетово 758, активни 385
• Струга 252, активни 154
• Велес 194, активни 43
• Битола 61, активни 22
• Охрид 195, активни 166
• Кавадарци 21, активни 15
• Гостивар 151, активни 91
• Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 17, активни 9
• Крива Паланка 16, активни 10
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 7, активни 4
• Кочани 74, активни 21
• Пробиштип 25, активни 16
• Демир Хисар 2, активни 1
• Македонски Брод 6, активни 4
• Пехчево 6, активни 3
• Берово 3, активни 0
• Валандово 6, активни 2
• Виница 3, активни 0
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 5, активни 2
• Свети Николе 41, активни 36
• Кичево 44, активни 38
• Ресен 120, активни 93
• Неготино 21, активни 6 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1 296 теста се преку: ИЈЗ –585, Авицена –99, Биотек –75, МАНУ -158, Жан Митрев (Филип Втори) -209, Судска медицина-1, Систина со PCR метода -133, ЦЈЗ Битола-36. Досега во земјата се направени вкупно 66.133 тестирања на ковид -19.