Во последните 24 часа се направени 1437 тестирања, а регистрирани се 137 нови случаи на Ковид-19, во Скопје-64, Штип-19, Струга-14, Куманово-7, Тетово-7, Гостивар-6, Охрид-5, Кичево-4, Свети Николе-3, Битола-2, Радовиш-2, Прилеп-1, Велес-1, Крушево-1 и Демир Хисар-1, соопшти Министерството за здравство.
Институтот за јавно здравје денеска регистрира 131 оздравен пациент од: Скопје-41, Охрид-36, Струга-25, Тетово-11, Штип-10, Гостивар-5, Велес-3.
Починати се 10 лица, пет пациенти од Скопје, двајца од Куманово, по еден пациент од Тетово, Гостивар и Радовиш.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент на 66 години.
Во ГОБ „8 септември“ починати се пет лица на возраст 79,76, 82,61 и 72 години.
Во Институтот за белодробни заболувања Козле почина 81 годишен пациент. Во ОБ Куманово е починат пациент на возраст од 80 години. Во ОБ Гостивар е починат пациент на возраст од 63 години, во Филип Втори е починат пациент на 67 години.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9547, бројката на оздравени пациенти е 5071, на починати е 442, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4034. Од вчерашните тестирања, два се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
Направените 1437 теста се преку: ИЈЗ-410, ЦЈЗ Скопје-29, Авицена-136, Биотек-158, МАНУ -135, Жан Митрев (Филип Втори)-322, Систина со PCR метода -164, Судска медицина -12, ЦЈЗ Битола-59, Инфективна клиника-5, ГАК-7. Досега во земјата се направени вкупно 89703 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се тројца пациенти. Вкупно се хоспитализирани 80 пациенти. На кислородна поддршка се 33 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 17 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 7 позитивни деца, 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 91 пациент. На респираторна машина се 6 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 33, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 125 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.