Нови 137 случаи на ковид-19 – пријавени 2 починати лица

by Fokus

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.303 тестови, а регистрирани се 137 нови случаи на КОВИД-19.

Од вкупниот број на позитивни (137), регистрирани се 13 реинфекции.

Регистрирани сe 85 оздравени пациенти, а во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително регистрирани се 2 починати лица од Скопје, на 70 – годишна возраст. Едно лице е починато во домашни и едно во болнички услови. Лицата за починати се пегистрирани во период од 09.04.-17.04.2022 година.

Досега во земјата се направени вкупно 2.018.029 тестирања на КОВИД-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.571, бројот на оздравени пациенти е 299.738, на починати е 9.280, а бројот на активни случаи изнесува 553.

Поврзани новости