Нови 135 случаи на корона вирус, нема починати

by Fokus

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.661 тестови, а регистрирани се 135 нови случаи на КОВИД-19. Од вкупниот број на позитивни (135), регистрирани се 13 реинфекции.

Регистрирани сe 85 оздравени пациенти, а во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително регистрирано е едно починато лице од Охрид (78г), починато во болнички услови. Починато на ден 02.05.2022 година.

Досега во земјата се направени вкупно 2.025.083 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.925, бројот на оздравени пациенти е 300.021, на починати е 9.283, а бројот на активни случаи изнесува 621.

 

 

Поврзани новости