Нови 13 заболени од Ковид 19, вкупната бројка достигна 1.399 заразени

by Fokus

Од министерството за здравство информираа дека во изминатите 24 часа се направени  289 тестирања, а потврдени се 13 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-4, Куманово-5, Прилеп-2 и Тетово-2.

Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува, 1399 а последната дистрибуција по градови е следна:

•    Скопје – 475
    Куманово – 376
    Дебар – 51
    Штип-34
    Прилеп –143
    Тетово – 75
    Струга – 64
    Велес – 66
    Битола –19
    Охрид –15
    Кавадарци – 5
    Гостивар –15
    Гевгелија – 4
    Струмица – 2
    Крива Паланка-5
    Радовиш – 4
    Крушево – 3
    Кочани – 28
    Пробиштип – 2
    Кичево – 2
    Неготино -4
    Демир Хисар – 1
    Македонски Брод -2
    Пехчево- 1
    Валандово -1
    Виница – 2

Направените 289  теста се преку: ИЈЗ –226, Ветеринарен ф-тет -9 , Авицена –12, Биотек –0, Филип Втори (Жан Митрев) –0, Систина со PCR метода  -38  и МАНУ -4 .  Досега во земјата се направени вкупно 15409 тестирања на ковид -19.

Поврзани новости