Нови 127 случаи на корона вирус, 10 починати

by fokus

Министерството за здравство информираше дека во изминатите 24 часа направени се 1.766 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 90, Охрид – 9, Битола и Штип – по 6, Кавадарци – 4, Струмица – 3, Прилеп, Ресен и Виница – по 2, Куманово, Кичево и Струга – по 1.

Регистриран e 261 оздравен пациент од: Скопје – 132, Прилеп – 28, Битола – 17, Струмица – 10, Куманово – 9, Кочани – 8, Крива Паланка и Валандово – по 7, Штип и Пробиштип – по 5, Тетово и Делчево – по 4, Кавадарци, Кичево, Велес, Радовиш и Кратово – по 3, Ресен, Гевгелија, Богданци и Македонски Брод – по 2, Неготино и Македонска Каменица – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6 починати лица: 2 починати лица од Скопје (74г и 85г) и по едно починато лице од Кавадарци (78г), Кичево (84г), Неготино (71г) и Штип (63г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 4 лица, починати во период од 22.11-18.12.2021 година. Починатите лица се од Тетово (2), Гостивар (1) и Струга (1). Починатите лица се на возраст од 48г до 75г. Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Поврзани новости