799
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.798 тестови, а регистрирани се 124 нови случаи на КОВИД-19.
Од вкупниот број на позитивни (124), регистрирани се 22 реинфекции.
Регистрирани сe 114 оздравени пациенти, а во текот на изминатите 24 часа и согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се пријавени починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.015.726 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.434, бројот на оздравени пациенти е 299.653, на починати е 9.278, а бројот на активни случаи изнесува 503.