Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 123 оздравени пациенти од: Скопје-17, Куманово-92, Штип-2, Прилеп-1, Тетово-4, Велес-1, Кичево-1, Ресен-5.
Во ГОБ „8 септември“ починати се 4 лица од Скопје на возраст од 51, 56, 58 и 67 години.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6454, бројката на оздравени пациенти е 2598, на починати е 306, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3550. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
Направените 954 теста се преку: ИЈЗ –232, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена –109, Биотек –130, МАНУ -110, Жан Митрев (Филип Втори) -203, Судска медицина-17, Систина со PCR метода -109, ЦЈЗ Битола-43, лаборатории од странство-1.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 91 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 24 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, две деца позитивни и пет со симптоми на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 8 нови, вкупно хоспитализирани се 131 пациенти. На респираторна машина се 10 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 38, а во болницата во Штип се хоспитализирани 35 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 85 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)