Нови 119 заразени и 257 оздравени пациенти

by fokus

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.324 тестирања, а регистрирани се 119 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 87, Битола – 7, Кавадарци – 6, Куманово – 4, Прилеп – 3, Свети Николе и Македонски Брод – по 2, Охрид, Штип , Струмица, Кочани, Струга, Ресен, Демир Хисар и Демир Капија – по 1.

Регистрирани сe 257 оздравени пациенти од: Скопје – 117, Битола – 21, Охрид – 19, Прилеп – 17, Куманово – 13, Кавадарци – 11, Валандово – 10, Струмица – 8, Штип – 6, Ресен – 5, Гевгелија, Крива Паланка и Делчево – по 4, Кочани, Виница и Пробиштип – по 3, Македонски Брод, Велес и Кратово – по 2, Струга, Кичево и Неготино – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 3 починати лица: по едно починато лице од Скопје (71г), Струмица (82г) и Битола (49г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

Поврзани новости