767

Во Грција се потврдени нови 11 случаи на новиот корона вирус, со што бројот на заразени со Ковид-19 во земјата достигна 84 лица, од кои тројца се странски државјани, јави дописничката на МИА од Атина.
Од потврдените случаи, 27 се хоспитализирани, од кои еден во сериозна состојба, а останатите 57 се во домашна изолација, како што попладнево соопшти претставникот на Министерството за здравство на Грција, задолжен за коронавирусот, професорот Сотирис Циодрас.
- Advertisements -

Поголемиот дел од заразените, односно 56 се поврзани со поклоничкото патување во Египет и Израел, 47 патници и девет лица кои биле во контакт со нив.
Професорот рече дека во следните седмици се очекува зголемување на бројот на потврдени случаи во Грција.