721
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 2.473 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 7, Прилеп , Тетово и Струга – по 1.
Регистрирани сe 16 оздравени пациенти од:Тетово – 10, Скопје и Гостивар – по 2, Прилеп и Штип – по 1. Пријавени се две починати лица од:Гостивар (67г) и Тетово (62г) починати во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.086 бројката на оздравени пациенти е 150.295, на починати е 5.491, а бројот на активни случаи изнесува 300.