Нови 10 починати, 614 новозаразени

by Fokus

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 19.08 до 21.08.2022), направени се 1.804 тестови, а регистрирани се 614 нови случаи на КОВИД-19. Од вкупниот број на позитивни (614), регистрирани се 132 реинфекции.

Регистрирани сe 1.014 оздравени пациенти, а во текот на изминатите 3 дена (19.08 – 21.08.2022) пријавени се 10 починати лица, од: по 2 починати лица од Охрид (70г и 88г) и Куманово (73г и 83г) и по едно починато лице од Скопје (82г), Велес (80г), Гостивар (81г), Струмица (82г), Пробиштип (76г) и Штип (85г). Сите лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.143.260 тестирање на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 338.120, бројот на оздравени пациенти е 325.645, на починати е 9.450, а бројот на активни случаи изнесува 3.025.

 

Поврзани новости