Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 4.021 тестови, а регистрирани се 1.172 нови случаи на КОВИД-19. Ситуацијата по градови е следна:
Скопје – 629, Битола – 109, Куманово – 64, Охрид – 53, Штип – 36, Тетово – 35, Кавадарци – 30, Велес и Кичево – по 27, Прилеп – 25, Струмица – 24, Гостивар – 23, Ресен – 20, Гевгелија – 19, Струга – 11, Неготино – 9, Свети Николе – 7, Крива Паланка и Богданци – по 5, Кочани – 3, Радовиш и Виница – по 2, Берово, Дебар, Валандово, Кратово, Крушево, Демир Хисар и Дојран – по 1.
Истовремено, регистрирани се 553 оздравени пациенти од и 12 починати лица, од кои 6 од Скопје (65, 69, 70, 78, 83 и 84), 3 од Битола (32, 72 и 79) и по едно од Велес (30), Охрид (63) и Прилеп (62).
Досега во земјата се направени вкупно 1.727.856 тестирања на Ковид-19.
Притоа, вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 250.876, бројот на оздравени пациенти е 223.606, на починати е 8.166, а бројот на активни случаи изнесува 19.104.