Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.513 тестови, а регистрирани се 1.117 нови случаи на ковид 19.
Притоа, ситуацијата по градови е следна: Скопје – 575, Велес – 63, Куманово – 56, Битола – 54, Кавадарци – 44, Струмица – 38, Кичево – 33, Тетово – 32, Прилеп – 29, Гостивар – 24, Охрид – 20, Радовиш – 17, Гевгелија – 16, Штип и Неготино – по 15, Кочани – 12, Струга и Дебар – по 11, Ресен – 10, Крива Паланка – 9, Кратово – 5, Свети Николе, Берово и Валандово – по 4, Делчево и Богданци – по 3, Виница, Пробиштип и Крушево – по 2, Демир Хисар, Демир Капија, Македонски Брод и Пехчево – по 1.
Истовремено, регистрирани се 1.059 оздравени пациенти, додека 14 лица починале, при што 8 се од Скопје (66, 75, 75, 76, 77, 81, 82 и 85), 2 од Битола (68 и 78) и по едно од Куманово (89), Прилеп (80), Виница (72) и Неготино (65).