Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 5.982 тестирања, а регистрирани се 1.082 нови случаи на ковид 19.
Ситуацијата по градови е следна: Скопје – 406, Куманово – 93, Тетово – 87, Гостивар – 72, Струмица – 70, Кичево – 57, Прилеп и Велес – по 32, Кавадарци, Охрид и Струга – по 24, Битола – 23, Штип – 21, Радовиш – 18, Ресен – 15, Кочани – 14, Гевгелија и Делчево – по 9, Свети Николе, Крива Паланка и Виница – по 7, Дебар – 6, Македонски Брод – 5, Неготино и Кратово – по 4, Валандово – 3, Пробиштип, Крушево и Македонска Каменица – по 2, Богданци,Пехчево и Дојран – по 1.
Досега, во земјата се направени вкупно 1.130.975 тестирања, а вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 172.657.