409
Регулаторната комисија ги пресмета новите цени на горивата. Согласно новата методологија, цените се намалени.
Тоа значи дека бензините „Супер 95“ и „Супер 98“ ќе се точат по цена помала за 1 денари или ќе чинат 71,00, односно 73,00 денари.
За два денари РЕК ја намали цената на дизелот кој од ноќеска почна да се точи за 64,00 денари за литар.
Регулаторната комисија за енергетика ќе го има последниот збор за формирањето на цените на дериватите на бензинските, кои ќе зависат од движењето на нафтата на светскиот пазар, како и курсот на доларот. Измените на Законот за енергетика стапија на сила и се објавени во Службен весник.