Новата серија за серискиот убиец го собори рекордот на Squid Game

by fokus

Серијата Monster: The Jeffrey Dahmer Story на NETFLIX го собори рекордот на Squid Game и Bridgerton, станувајќи најгледана серија на стриминг платформата во првата недела од објавувањето, пишува Daily Mail.

Серијата за Џефри Дамер, еден од најпознатите американски сериски убијци кои ги изеде неговите жртви, собра повеќе од половина милијарда прегледи во првата недела.

Приказната за серискиот убиец Дамер е веќе документирана, но Нетфликс со својата серија се обиде да им понуди на гледачите поинаква перспектива. Имено, серијата е фокусирана на неговите жртви, како и на неспособноста на полицијата да го фати низ годините.

Поврзани новости