842
Обожавателите на Ѓорѓе Балашевиќ по година и два месеци од неговата смрт ја добија новата песна на легендарниот кантавтор, што е преслушана речиси 100.000 пати за 24 часа.
Песната е објавена на 63-тиот роденден на Оливера Балашевиќ бидејќи е посветена на неа. Се вика „Роѓенданска“ и трае повеќе од шест минути, што звучи идеално за секој обожавател на Балашевиќ.
Обожавателите на Балашевиќ изгледа тешко се помируваат со фактот дека никогаш повеќе нема да одат на неговиот концерт, но необјавените дела се голема утеха.
“Никој не оставил таков белег. Ви благодариме што го чувате делото. Како да е уште тука. Живее со своите деца”, пишуваат обожавателите.