Пожарот кој ја зафати Универзалната сала утрово, не и наштети на новата конструкција која остана нечепната. Според стручните лица, ова е доказ дека проектот за реконструкција е целосно безбеден.
Изгоре дел од старата конструкција и внатрешност која секако е дел од проектот за реконструкција. Поточно, за реконструкција на салата е вграден челик кој е противпожарен и може да издржи температура од 1.600 степени.
Имено, на крајот на минатиот месец, беше поставена нова купола на Универзалната сала, кога продолжи да се реконстуира објектот, откако салата беше преземена од страна на Министерството за култура.
Претходно, Градоначалничката Данела Арсовска ги стопираше градежните работи, кои беа почнати додека градоначалник беше Петре Шилегов. Обвинувањата кои сега одат на сметка на актуелната градоначалничка е дека доколку досега завршела реконструкцијата на Универзална немало да се случи пожарот.
Од СДСМ претходно најавуваа дека штом заврши реконструкцијата, која е во вредност од околу 2 милиони евра, Универзална сала повторно ќе биде вратена на Град Скопје.