Новата грчка влада положи свечена заклетва

by Fokus

Членовите на владата на Кирјакос Мицотакис, министри, заменици и алтернативни министри, вкупно 51, денеска положија свечена заклетва пред претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос и пред атинскиот архиепископ Јерпнимос, во претседателската палата, јави дописничката на МИА од Атина.

По завршување на свечениот и традиционален дел на положување заклетва, што секогаш следи по објавувањето на новиот владин состав, министрите се упатија кон нивните министерства, каде официјално ќе ја преземат новата функција од нивните претходници.

Новиот шеф на грчката дипломатија, од претседателската палата замина кон Министерството за надворешни работи на Грција, каде во 13 часот по локално време, Јоргос Катругалос ќе му ја предаде функцијата на новиот МНР на Грција, Никос Дендиас.

За утре претпладне закажана е првата седница на новата грчка влада.

Поврзани новости