Новата биографија на британската кралица Елизабета Втора открива дека покојната кралица го сметала поранешниот американски претседател Доналд Трамп како „многу непристоен“.
Покојната кралица, која двапати беше домаќин на поранешниот американски претседател, рекла дека не и се допаѓа како тој гледал преку нејзиното рамо „како да бара некој поинтересен“, напиша Крег Браун во новата книга „Патување околу кралицата“.
Тој исто наведува дека кралицата верувала дека неговиот однос со сопругата Меланија мора да вклучува некаков договор, прашувајќи се зошто инаку Меланија би останала во брак со него.
„За време на нејзиното владеење, Нејзиното Височество забавуваше многу контроверзни странски лидери, вклучувајќи ги Башар ал Асад, Роберт Мугабе, Иди Амин, Доналд Трамп, јапонскиот император Хирохито и Владимир Путин. Можеби не и беше пријатно нивното друштво, а можеби и дискретно изговорила по некој збор на неодобрување“, напишал авторот на новата биографија на кралицата.
Што се однесува до Доналд Трамп, тој верувал дека е еден од омилените гости на кралицата, пишува британски „Тајмс“. Во своите изјави, тој се восхитуваше на чувството за должност на кралицата.
Трамп и Елизабета Втора се сретнаа за прв пат во јули 2018 година, кога американскиот претседател дојде на чај во замокот Виндзор. Кралицата, која тогаш имаше 92 години, го чекаше Трамп 10 минути на жештината додека тој гледаше околу почесната гарда. Додека го правеше тоа, одеше пред неа.
Кога кралицата почина во септември 2022 година, Доналд и Меланија Трамп објавија изјава во која наведоа дека засекогаш ќе го ценат времето што го поминале со неа и никогаш нема да го заборават нејзиното великодушно пријателство, големата мудрост и прекрасната смисла за хумор.