Новата 2025 година пристигна на Кирибати

by Fokus

Градовите ширум светот се подготвуваат да ја дочекаат Новата година со прослави кои ги истакнуваат локалните култури и традиции. Новата година пристигна прво на малиот остров Лајн, кој припаѓа на островската држава Кирибати во централниот дел на Тихиот Океан.

Овие острови се наоѓаат на иста географска должина како и Хавајските острови и затоа 1 јануари треба да пристигне на двата архипелага истовремено, но на Хаваите ќе чекаат уште 26 часа до доаѓањето на Новата година бидејќи, од административни причини, меѓународната линија за датум го заобиколува Кирибати.

По Кирибати, Новата година ќе дојде на далечниот исток од Азија, во Нов Зеланд, потоа во Австралија, па преку Јапонија, Индонезија, Кина, Индија и други азиски земји, ќе дојде во Европа и Африка, за да продолжи преку Атлантикот на двата американски континенти до пацифичките острови Хаваи, Американска Самоа, Ниуе и островите Мидвеј.

Последните населени места кои ќе бидат добредојдени во 2025 година се островите Ниуе и Американска Самоа, лоцирани југозападно од Кирибати во јужниот дел на Пацификот.

Поврзани новости