Поранешниот претседател на ДИК, Александар Новаковски во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека новиот состав на Комисијата ќе биде целосно контролиран од политичките партии.
-Да нема ниту еден глас против, да нема дискусија за ниту еден предложен член, не може сите членови да се совршрени, е знак дека имаме целосна партизација на ДИК. Ако видите и дека самите медиуми членовите ги именуваат како претставник на таа и таа политчка партија, не треба ние да се правиме дека не е така. Мора да се прави напор, затоа што сериозно имаме проблем со ДИК, кога се заокружуваат изборните резултати, кога резултатите се тесни. Имавме два изборни циклуси со тесен резултат, и одма имаме тензии во ДИК, каснење со резултати. Ние во моментов, мора да признаеме дека ДИК ќе биде контролиран од политичките партии, смета Новаковски.